Граѓански марш за слободен глас

Илјадници граѓанки и граѓани маршираа низ скопските улици до Собранието, под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, по повод Денот на востанието, 11 Октомври.

Маршот започна во 14 часот пред канцелариите на Специјалното Јавно обвинителство, илјадниците учесници се движеа по булеварот „Партизански одреди“ до Собранието, каде на сцената, со музика ги пречека велешката група „Ла Ман“ заедно со Петрит Сарачини.

IMG_9763

Извикувајќи „Слобода!“ и честитајќи си го празникот, којшто треба да симболизира борба за слобода, достоинство и еднаквост, граѓанките и граѓаните со кренати знамиња од сите националности, исправено и во еден глас ја поздравија Кристина Арнаудова, која ја испеа македонската химна.

Свoе обраќање до граѓаните имаа Ѓорѓи Ѓоргиевски од Сојузот на борците, граѓанскиот активист Васко Лазаревски, активистката Ивана Туфегџиќ, актерката Ирена Ристиќ, а на крајот им се обрати еден од инцијаторите на граѓанскиот марш, Зоран Заев.

„Без разлика на вера, народност, пол и убедување, денеска дигнавме глава и решивме да се одбраниме од нашите душмани. Се работи за судбината на нашата земја. Ве повикуваме да се сплотите со гласот како оружје, да удриме со нашиот глас по нашите непријатели и непријателите на слободата. Деновиве што доаѓаат ќе ја решат судбината на граѓанинот. Треба да ги избркаме сите предавници, корумпирани политичари, за да одиме напред во слобода. Смрт на фашизмот, борбата продолжува, гласот победува!”, се вели во Манифестот на граѓанскиот марш, што го прочита Ирена Ристиќ.IMG_9848

„Дојде време што не повикува, секого од нас поединечно. Дојде време да бидеме одговорни и да ја понесеме одговорноста за нас и за идните генерации. Дојде време да ѝ дадеме ветување на Република Македонија во име на сите, кои ги дадоа своите животи за нас и за нашата заедничка татковина и во име на генерациите што доаѓаат по нас. Ете, затоа е толку важен овој граѓански марш што ја покажува нашата решителност“, изјави Зоран Заев во својот говор пред илјадиците граѓанки и граѓани.

Граѓанскиот марш заврши со порака до власта дека борбата за слобода продолжува, а Македонија ја чека ослободување од режимот и извојување на демократијата и правдата.

Please follow and like us: