Вељановски потпиша решение за распишување на изборите на 11 декември

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска го потпиша решението за распишување на предвремени парламентарни избори. Претходно, тој имаше средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, на која го извести за распишувањето на изборите.

veljanovski

„Со овој чин, мандатот повторно му го враќаме на народот, кој е единствениот, врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава. Во меѓувреме, Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии, кој, искрено верувам, ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11-ти декември“, стои во соопштението на кабинетот на Вељановски.

МВР денеска треба да ги достави податоците за избирачите до ДИК, а партиите-учеснички во изборниот процес треба да потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Вчера попладне, со 110 гласови „за“, пратениците ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието, со што беше овозможено одржување предвремени парламентарни избори , согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза.

Пред да се распушти Собранието, пратениците на владеачкото мнозинство го изгласаа Буџетот за 2017 година, а не ги изгласаа предлозите за измени на Законот за СЈО (за продолжување на рокот за истрагата) и на Законот за заштитени сведоци.

 

Please follow and like us: