Сексуалните работници протестираа за поголеми права

Под мотото  „Слободниот избор е право, а не привилегија“ сексуалните работници од Македонија,  го одбележаа 17 -ти Декември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Учесниците во протестот: стриптизети и стриптизери, хот лајн оператори, ескорт девојки и моци, но и активисти за човекови права порачаа дека бараат поголеми права за овие најмаргинализирани групи во општеството.

borche-tsrveni-chadori

„Во реалноста, институциите што работат во интерес на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, многу често не прават разлика меѓу сексуалната работа и експлоатацијата. Така што преземаат мерки за елиминација на сексуалната работа наместо за елиминација на експлоатацијата во сексуалната индустрија,“ изјави Борче Поповски од граѓанската иницијатива „СТАР – СТАР“.

Протестот започна пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Оттаму црвените чадори се движеа преку Камен мост до плоштадот Филип Втори.

Маршот на црвениот чадор годинава се одржа по 9-ти пат во организација на граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници „СТАР-СТАР“ од Скопје. ЦИВИЛ-Центар за слобода ја поддржува оваа иницијатива од самиот почеток.

Please follow and like us: