Синдикатот на затворениот комбинат „Југохром“, утре од 11 до 13 часот ќе го блокира автопатот Скопје - Тетово. Од Синдикатот се незадоволни, бидејќи и покрај средбите со премиерот Димитриев, власта нема слух за решавање на ситуацијата. <!--more-->
Последниот Извештај за аерозагадувањето што го презентираше „Еко Герила“ покажа дека загадувањето на Тетово и Полог е многу намалено, по затворањето на „Југохром“, но Синдикатот не се согласува со овие тези.
Претседателот на Синдикатот на Југохром, Бајрам Амити на Фејсбук ги повика сите вработени и граѓаните на Тетово да им се придружат на синдикалците во заедничкиот протест.
Please follow and like us: