Социјалeн центар „Дуња“: Филм и дебата за бездомниците

Во рамки на редовната програма на Дебатното кино „Контра кадар“, во Социјалниот центар „Дуња“, вечерва ќе  биде прикажан филмот „The Saint of Fort Washington“ од 1993 година, а по проекцијата ќе биде организирана дискусија на тема: „Бездомниците – (не)видливи за системот“, во која ќе учествуваат и дел од волонтерите во акцијата за помош на бездомниците во Скопје.

„Дебатно кино“ е културна иницијатива која еднаш неделно организира филмски проекции, по кои се развива дискусија за прашањата и темите отворени во прикажаните филмови. Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поединци за актуелните општествени теми

„Филмската програма на ‘Контра кадар’ е жанровски, стилски и тематски хетерогена… Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлексија на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план“.

Please follow and like us: