Анкета: Луѓето се плашат да се борат за своите права!

Цивил - Центар за слобода ги праша граѓанките и граѓаните на Штип за социјалната правда и за работничките права. Штипјанки и штипјани речиси едногласно велат дека во Македонија никој не ги почитува работничките права!

„Каква социјална правда, кога нема правда“, „Луѓето се плашат да се борат за своите права“, „Оние што работат приватно, најдобро си знаат“, „10.000 денари, и тоа е, и јадење и пиење, а кој можеда преживее со 10.000 денари...“, се дел од одговорите на нашите соговорници од штипските улици.

Иако имаше и одговори од типот - „Што знам што да ви речам, а да не ја грешам“, сепак, соговорниците беа децидни дека нема социјална правда и дека не се почитуваат работничките права, а работниците се плашат од „газдите“: „Треба да има еднаквост на сите луѓе, ама... тешка работа!“, Никако не се почитуваат работничките права!“, „Каква социјална правда, кога нема правда, тој што има - има, тој што нема - нема. Тој што има, нема може да разбере...“

 

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Фото: Биљана Јордановска

Монтажа: Маја Ивановска

[divide]

Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Please follow and like us: