Анкета: Тешко на работниците!

Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во петокот во Битола го промовираше проектот „Општество без граници“.  Меѓу другите активности, во анкетата на ЦИВИЛ Медиа, граѓан(к)ите одговараа на прашањата за социјалната правда, за работничките права и за екологијата. Повеќето од анкетираните се незадоволни од состојбите со социјалните права во земјата.

„Социјална правда во Македонија нема!“, „Работничките права се почитуваат само за определени луѓе“, „Работниците се оставени на (не)милост на работодавачите, а државата не води сметка за нив!“. „Тешко на народот!“..., се само дел од одговорите на битолчан(к)и, разочарани од односот на државата, која не ги штити правата на сите.

 

Текст и монтажа: Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов


Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.