Голема поддршка за Граѓанската повелба!

Граѓанките и граѓаните во Кавадарци, денеска напладне имаа можност да се запознаат со  „Граѓанската повелба“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода ја промовира како дел од проектот „Општество без граници“.

Повелбата е глобален документ за унапредување на човековите права и за активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

На инфо – штандот, освен што можеа а се информираат повеќе за заложбите на ЦИВИЛ и активностите поврзани со проектот и промоцијата на „Граѓанската повелба“, граѓанките и граѓаните ја дадоа својата поддршка со потпишување на повелбата и со фото и видео-петиција.

Во меѓувреме, тимот на ЦИВИЛ направи анкета во центарот на Кавадарци на тема - социјална правда и екологија.

Тимовите на ЦИВИЛ  разменија искуства со претставниците на граѓанското општество на локално ниво и разговараа за заедничка соработка и поддршка на Повелбата.

ЦИВИЛ е една од првите 50 организации – потписнички на Повелбата, која се промовираше на светско ниво, минатата година на светската конференција за глобални перспективи одржана во Берлин.

Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.

Б. Јордановска

[divide]

Активностите од извештајот се дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Please follow and like us: