Очекувања од новата влада: „Мир, стабилност и вработување!“

Стабилна држава, мир и благосостојба очекуваат најголем број граѓан(к)и што денеска одговараа на анкетното прашање на ЦИВИЛ Медиа: Што очекуваат од новата влада?

Меѓу соговорниците секако имаше и граѓани со подвоени мислења: „Првин, дали ќе се формира... Поминаа 15 дена и уште нема нова влада!“, „Како едни, така други, сè лопови!“...

Дел од соговорниците имаа и оптимистички ставови: „Очекувам стабилизација во економскиот сектор, нормализирање на безбедносната состојба и можните ризици за нејзино нарушување и секако подобар живот за помладите генерации за да останат и работат овде“.

Еден од анкетираните ги потенцираше егзистенцијаните прашања: „Најосновното, секој да се бори за економија, секој да има вработување...“

Новинар и монтажа: Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Please follow and like us: