Струга: Социјална правда нема, и нема ни да има!

Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода разговараше со граѓанките и граѓаните на Струга за социјалната правда, за говорот на омраза и злоупотребата на јавниот простор.

„Социјалната правда е поврзана со нормалното економско живеење на населението. Кај нас, социјална правда нема!“ изјави еден од анкетираните стружани.

„Нема тука говор на омраза. Тука сите живеат заедно!“, вели еден од соговорниците. Друг пак, ни одговори дека има многу често говор на омраза, особено меѓу политичарите. „За да го одбранат она што го крадат, создаваат омраза меѓу граѓаните“, вели тој. „Овде во Струга нема говор на омраза, сите живееме заедно и убаво ни е!“, ни рече една соговорничка.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов


Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

 

Please follow and like us: