Анчева: Притисокот врз синдикатите беше генерална проба за 27 април!

„Цврсто сум убедена  дека за еден работник социјална првда е да добие верификација на својот труд и достоинствена плата Да не проверува секој месец дали сите часови, празници, прекувремени му се пишани и исплатени, да не добива дел од платата на рака, за да остане повеќе во џебот на газдата. Работниците во Македонија престанаа да бидат рамноправни граѓани на ова општество“, порача Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), на конференцијата „Општество без граници“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

„Граѓански активизам - да, но работнички активизам сè уште немаме. Ние создадовме современи робови, што не се осмелуваат синдикално да се организираат или да го кренат својот глас. Ние дојдовме во ситуација да го распродаваме последниот вреден ресурс што го имаме, а тоа се работниците. Дојдете во Македонија затоа што имаме ефтина работна сила! Затоа што ќе добиете послушни работници и безгласни букви кои нема ни да прашаат за своите права! Тоа беше дел од политиката за привлекување на странски инвестиции на претходната Влада“, истакна Анчева.

 

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Изјавата/излагањето на конференцијата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување