Џафероски: Туркањето на проблемите под тепих нè доведе до оваа мизерија!

Аднан Џафероски, член на раковоството на СДСМ, на конференцијата „Општество без граници“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, зборуваше за идните чекори на новата власт во борбата за надминување на проблемите на граѓаните, за подобрувањето на општествените состојби и повторното освојување на медиумскиот простор. 

„Пред сè, мора повторно да се освои медиумскиот простор, особено на националната телевизија. И да обрнеме поголемо внимание на градењето на едно здраво општество. И сите овие проблеми кои го тиштат нашето општество, да се решаваат со вклученост на сите релевантни фактори во земјава“, изјави Џафероски.

Тој вели дека како општество, Македонија е многу назад во однос на развиениот свет. „Туркањето на сите проблеми под тепих, нè доведе до оваа ситуација и до ваква мизерија“, рече Џафероски.

 

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Изјавата/излагањето на конференцијата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување

Please follow and like us: