ХОПС: Потпиши се! Спаси животи!

Во Македонија има 17 програми за намалување на штети од употребата на дроги и превенција на ХИВ, кои последните десет години придонеле државата да има најниска стапка на ХИВ во Југоисточна Европа.

Здружението на граѓани ХОПС, денеска до 18 часот на плоштадот „Македонија“ собира потписи за поддршка на програмите за намалување штети од употреба на дроги и превенција од ХИВ, како повик до Министерството за здравство и до Владата да обезбедат пари за продолжување на програмите.

Програмите досега се финансирани со поддршка на „Глобалниот фонд“ кој завршува до крајот на месецот, а петицијата е дел од кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“, иницирана од „Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ“.

„Благодарение на програмите за намалување штети, во последните десет години, во Македонија се евидентирани само два нови случја на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од пет отсто од вкупно 315 регистрирани слуачи со ХИВ, биле лица што инјектираат дроги. Во земјава има 17 програми за намалување штети од дроги, од кои четири во Скопје и 13 во другите градови. Овие програми се ефикасни и финансиски исплатливи“, се вели во соопштението на ХОПС.

Сите потписници на петицијата се согласуваат со барањата до Министерството за здравство, односно, да се донесе итно решение за користење средства од програмата за ХИВ и да се воспостави соработка меѓу Министерството, граѓанските организации и останатите засегнати страни, за донесување соодветни закони или подзаконски акти и мерки што ќе гарантираат транспарентност, експертиза и долгорочна одржливост и развој на програмите.

 

Please follow and like us: