Референдум: Извештај на ЦИВИЛ во 13 часот

Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода се на терен и го набљудуваат спроведувањето на референдумот во Богданци, по граѓанската иницијатива „Спас за Богданци“ која ја поведе кампањата “СТОП за рударски комплекс Казандол“. 

Состојба на 3 од 12 избирачки места (ИМ) во 12,45:

Во ИМ 376, од запишани 537, излегле 170 гласачи, во 376/1 од запишани 541, излезени се 181 гласач, а во 374, од запишани 496, излегле 159 гласачи. Една граѓанка не може да се најде во Избирачкиот список, иако се обидела да се пронајде во уште неколку избирачки места, по што се откажала.

Во 13 часот, излезени се 1.980 гласачи, што е 28,6 проценти од запишаните гласачи.

За повеќе информации за текот на референдумското изјаснување, ЦИВИЛ стои на располагање на сите медиуми.

Граѓанките и граѓаните можат да пријават нерегуларности или да побараат информации за своите гласачки права на дежурните телефони 078 – 746 138 и 075 – 389 698. На располагање е и веб-страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности. Во оваа прилика, ЦИВИЛ ги потсетува граѓанките и граѓаните дека неодамна објави и онлајн Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација.

Please follow and like us: