Туфегџиќ: Ја научивме вредноста на активизмот!

„Откако станав пратеник, се трудам да се сеќавам на местата од каде што доаѓам, а изворот за мене беше Студентски пленум. Тоа што ми остави впечаток при поканата за оваа конференција, се воведните зборови: граѓанско учество, социјална правда и одржливо општество... Нешто што се чини дека изминатите години го немавме“, вака го започна своето излагање активистиката и пратеничка Ивана Туфегџиќ, една од панелистките на конференцијата „Општество без граници“, во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

 


Излагањето на конференцијата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Please follow and like us: