Слики од животот: Меѓу маката и надежта

Оваа бабичка од село Љубанци секој петок го користи бесплатниот автобуски превоз и доаѓа да продава на Бит-Пазар на импровизирана тезгичка направена од картони. Вели дека нема заработка од тоа што го продава. Но, преживува.

„Нема некоја заработувачка од продавање на коприви. Пензија земам, ама не стига. Што ќе правам со 12.000 денари, имам деца и внуци...“, вели бабичката.

За неа, најважно е да има мир во државата.

Низ солзи, ни кажа дека го изгубила синот во 2001 година. Тоа ѝ е тешко. „За друго, колку имаме - толку, не сакам повеќе, да имаш колку да преживееш, тоа е животот...“, вели таа низ солзи.

Текст и камера: Дехран Муратов

Монтажа: Биљана Јордановска