ЦИВИЛ со акција и интеграција во источниот регион

ЦИВИЛ беше во посета на Кочани и Свети Николе каде преку инфо штандови ги промовираше зелените иницијативи и европските вредности, како и потребата од граѓанско учество и демократски реформи во Македoнија.

Граѓанките и граѓаните во овие два града имаа можност да се запознаат со проектот и активностите на организацијата и во разговор со тимот на ЦИВИЛ да споделат свои мислења и ставови како може активно да придонесат во промовирање на европските вредности и зелените иницијативи.  

Тимот на ЦИВИЛ одржа и работилница на тема „Каква Македонија сакам?“ во Штип на која учествуваа претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации и медиумите. Активностите на ЦИВИЛ ги проследија и локланите медиуми.

ЦИВИЛ го спроведува проектот во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Please follow and like us:

This post is also available in: English