Каква Македонија сакаат велешани?

Тимот на ЦИВИЛ Медиа ги праша велешанки и велешани каква Македонија сакаат. Освен што сакаат мирна и просперитетна Македонија, граѓаните иднината на Македонија ја гледаа и низ призма на промена на името на државата.

Дел од анкетираните граѓанки и граѓани сметаат дека промената на името не менува ништо, дел сметаат дека не смее да се менува името на државата, но се согласуваат дека одлуките ќе ги носат политичарите.

„Каква што беше, убава Македонија... Македонија да биде, а не Северна Македонија. Ама останува како што ќе направат политичарите“, изјави еден од граѓаните, незадоволен од промената на името.

„Името какво сака нека биде, само мирно да е и да нема омраза“, рече еден од соговорниците.

„Северна Македонија, просперитетна, европска, секој да може крајот да си го најде“, одговори еден грaѓанин за ЦИВИЛ Медиа.

„Со вакви политичари не бива ништо. Едните апаши, другите предавници“, одговори соговорникот.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian English