Македонија енегретски најзависна држава во регионот

На конференцијата „Македонски енергетски форум 2018“ во Струга, американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, истакна дека  САД  долго време застапуваат проекти како што е јужниот коридор за гас кој ќе и` овозможи на централна и јужна Европа да добие пристап до гас од Азербејџан, а течниот природен гас од САД веќе почнува да се извезува на северните терминали во Грција.

Заклучокот од форумот е дека Македонија останува енергетски зависна држава во регионот со единствена опција со увоз на рускиот гас. Од друга страна, Бејли потенцираше дека САД се посветени за намалување на ризиците од користењето на рускиот гас. Обидот на САД, како што рече Бејли, е Македонија да биде транзитна земја, со обезбедување на повеќе различни извори на гас преку поврзаноста со Грција.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ја потврди целосната енергетска зависност на Македонија во однос на нафтата и гасот. Како производители Македонија има електрична енергија, јаглен и други реагенси. Но кога станува збор зе електричната енергија, таа не е доволна, истакна Анѓушев со оглед дека годишно се увезува од 30 до 40 проценти.

Анѓушев смета дека со новиот Закон за енергетика, кој веќе е на слиа, ќе се овозможи конкурентост и леберализација на пазарот, а исто така се отвора можност за користење на сончевата енергија со инсталирање на неограничен број на мегавати.

Првиот енергетски форум го организираа државната компанија ЕЛЕМ, Владата на Република Македонија, Амбасадата на САД во Скопје и Институт ЗИП.

Б.Ј.