Велес подготвен за интегрирање во ЕУ

ЦИВИЛ организираше работилница „Каква Македонија сакам?“, како дел од проектот „Акција-Интеграција“, во Велес на која присуствуваа градоначалникот на општината, Аце Коцевски, претставници на граѓанското општество и на политичките партии.

Синиша Станковиќ, претставникот на ЦИВИЛ, на почетокот на работилницата ги презентираше целите и активностите коишто се дел од проектот „Акција - Интеграција, но и ги поттикна учесниците да дискутираат за актуелните општествено-политички случувања низ призма на еворпските вредности и зелените иницијативи.

Акција-Интеграција во Велес, 21 јуни 2018

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, се фокусираше на можностите што тој ги има во придонесот Општина Велес да ги промовира и практикува овие вредности, но и да им одговори на барањата на граѓаните.

Двочасовната работилница, како дел од проектот „Акција-Интеграција“, ЦИВИЛ ја спроведе во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Биљана Јордановска

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian English