Уметници и активисти утре ќе го чистат Клинички центар

Актерката Сања Арсовска денеска на својот фејсбук профил излезе со предлог уметниците да се вклучат во акцијата за чистење на Клиничкиот центар. За помалку од два часа веќе реагираа повеќе нејзини колешки и колеги, па акцијата е закажана за утре во 10 часот пред влезот на Клиничкиот центар.

„Ќе има црни ќеси и ракавици, но за тие што сакаат да ни се придружат, нека земат нешто дополнително.  Цел ни е како уметници да влијаеме во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина. Планираме акцијата да ја правиме еднаш неделно на различни локации за време на летниот период. Секој што сака да ни се придружи е добредојден“, пишува Арсовска во нејзиниот статус тагнувајќи ги досега приајвените јавни личности, уметници и активисти што се пријавиле за утрешната акција Симона Спировска, Драгана Гунин, Нина Николиќ, Јасмина Василева, Ирена Ристиќ...

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian