ЦИВИЛ во Битола - „Каква Македонија сакам?“

ЦИВИЛ – Центар за слобода минатиот четврток (30 август) одржа јавна работна средба под мотото „Каква Македонија сакам?“ во Битола, во општинска сала. Настанот се одржа во рамки на проектот „Акција – Интеграција“ кој е посветен на поддршката на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија. На работилницата беше презентиран проектот на ЦИВИЛ што се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Во работниот дел на овој настан, се отвори дискусија на темите „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“. На настанот учествуваа претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии и активисти.

Учесниците истакнаа дека Битола се соочува со загадување на воздухот, необележани пешачки премини и улици, немање на велосипедски патеки, проблемот со бездомните кучиња... Тие се согласија дека сите заедно треба да работат за доброто на граѓан(к)ите на Битола во која ќе бидат вклучени невладини организации, граѓански иницијативи или индивидуалци и претстваниците на политичките партии, без разлика од која партија доаѓаат.

Дехран Муратов