ЦИВИЛ во Струга – „Каква Македонија сакам?“

ЦИВИЛ – Центар за слобода на 31 август одржа јавна работна средба под мотото „Каква Македонија сакам?“ во Струга, во општинска сала. Настанот се одржа во рамки на проектот „Акција – Интеграција“ кој е посветен на поддршката на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија. На работилницата беше презентиран проектот на ЦИВИЛ што се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Во работниот дел на овој настан, се отвори дискусија на темите „Граѓанското учество во општествените процеси за поддршка на демократските реформи, зелените алтернативи и антинационализмот“. На настанот учествуваа претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии и активисти.

Учесниците истакнаа дека Струга се соочува со загадување на воздухот, со недостаток на кадар и опрема за собирање на отпад и кабаст отпад, се соочуваат со диви депонии. Еден од учесниците истакна дека залудни се напорите за поставување на контејнери кои го селектираат отпадот (хартија, пластика, отпад) кога нема посебни возила, туку сите контејнери завршуваат во ист камион и на иста депонија.

Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

Please follow and like us: