Конференција за одржлива економија со реализација на климатските политики

Енергетска демократија – Промени во енергетскиот сектор во ЕУ е темата на конференцијата што во организација на Здружението на граѓани „Изгрејсонце“ во соработка со Green European foundation (GEF) од Белгија ќе се одржи денеска во Скопје.

Европа со цел преминување кон одржлива економија со реализација на зацртаните климатски политики мора целосно да го промени севкупниот енергетски систем и да пријде кон соработка помеѓу земјите членки. Статистиките покажуваат дека околу 45 проценти од домаќинствата во ЕУ би можеле да произведуваат сопствена обновлива енергија“, велат организаторите.

Додаваат дека со отворање на предпристапните фондови на Европската унија ќе се отворат можности за неповратни грантови и финансиски средства за инвестиции во обновливи извори на енергија.

„Засега, минимален процент странски средства се искористени во процесот на имплементација и градење на енергетскиот систем со користење на обновливи извори на енергија како главен ресурс“, се истакнува во соопштението.

Правни и физички лица во соработка со локалната самоуправа ќе бидат главни корисници на европските средства со цел развој на енергетската инфраструктура и локалната економија со искористување на обновливите извори на енергија. (МИА)

Please follow and like us: