Жителите на Тетово пијат вода со вкус на хемикалии, општината молчи!

Над сто илјади жители на Тетово веќе два дена живеат во алармираност и неизвесност за нивното здравје. Во текот на верашниот ден, понеделник, конзумирале вода со соминителен вкус  и мирис на хемикалии.

За да биде стравот уште поголем, 24 часа по алармирањето од страна на граѓаните, општинските институции и раководството на Општина Тетово се уште молчат и не даваат никакво објаснување  за што всушност се работи.

Граѓаните реагирале на социјалните мрежи, а некои од нив се обратиле и до НВО Еко Герила, организација за заштита на животната средина. Многу родители се вознемирени бидејќи нивните деца во текот на наставата по училиштата пиеле вода од чешмите којашто исто така била со сомнителен вкус и мирис на хемикалии. Водата со сомнителен мирис и вкус тече и од чешмите на домаќинствата, така што родителите преземале алтернативни мерки и запреале со снабдување од градскиот водовод.

„Вознемирени сме затоа што во текот на вчерашниот ден додека бевме на работа, децата пиеле од водата и не знаене што ќе се случи понатаму, се уште нема никаква реакција“, вели еден од жителите на Тетово. Од Еко Герила, за ЦИВИЛ Медиаи Дрејт потврдија дека многу граѓани побарале помош и одговори од нив, но додаваат дека во отсуство на институционална експертиза тие не можат да дадат точен одговор. Меѓутоа, од организацијата велат дека за случајов се одговорни раководителите на Општина Тетово на чело со градоначалничката Теута Арифи. За молкот и неодговорноста на локалната власт,  од Еко Герила бараат одговорност и интервенција и од Владата и премиерот Зоран Заев.

„Бараме директна одговорност и од премиерот Зоран Заев за честите скандали што се случуваат во нашиот град, како последица на неспособноста на Општината и градоначалничката Арифи. Проблемите со водата за пиење, отпадот, големата нечистотија во градот, узурпирањето на јавните површини, финансиската нетранспарентност, јавниот сообраќај, паркинзите итн. Премиерот лично беше на чело на кампањата за избор на сегашната градоначалничка“, се вели во писмената реакција на Еко Герила. Од оваа организација мешу другото бараат од Владата  итно повлекување на ингеренциите на општинското раководство, бидејќи, според нив, постојат многу причини за ваков чекор. „На раководни позиции се поставени неспособни и неодговорнии луѓе“. Бараме од Владата итно да ги одземе ингеренциите на Општина Тетово заради неспособноста  за менаџирање на градот и секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, се вели во реакцијата на Еко Герила. Во текот на денот се очекува да се изјаснат и компетентните здравствени и државни институции, за проблемот со водата за пиење во Тетово.

Арбен Зеќири

This post is also available in: Albanian