Баир: Умираме за капка вода!

„Не ги пуштаме децата на училиште, бидејќи немаме вода да ги искапеме. Таму има и други деца и не сакаат да се дружат со нашите деца, кој сака да се дружи со валкани деца“, велат жителите на населбата „Петочна вода“, која се наоѓа во битолски Баир.

Тие се жалат дека цело маало, односно педесетина куќи немаат вода со децении.

„Политичарите доаѓаат само за време на избори да им дадеме гласови потоа забораваат на нас. Претходниот градоначалник никогаш не дошол тука, единствено актуелната градоначалничка Наташа Петровска пред неколку дена дојде да нè посети и да праша за проблемот со водата“, велат тамошните жители.

Тимот на ЦИВИЛ оствари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорот на ЈКП Водовод, Горан Козаров кои истакнаа дека знаат за тој децениски проблем и се трудат да го решат.

„Во одреден период во некои делови нема вода бидејќи нема притисок. Тоа се случува бидејќи тие што живеат подоле ги оставаат чешмите отворени и водата беспотребно тече. Треба едукација на населението за правилно и соодветно користење на водата за да немаат проблеми со недостаток на вода нивните комшии“, вели Петровска.

„Пред 10 години им беа поставени водомери, меѓутоа водомерите повеќе ги нема бидејќи ги препродаваа“, рече директорот Козаров.

Целата видео репортажа наскоро на ЦИВИЛ Медиа…

Дехран Муратов
Камера: Ариан Мехмети
Монтажа: Буњамин Камбери
Фотографија: Ангела Петровска

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian