Биоразградливо шише за вода од алги

Исландскиот дизајнер Ари Јонсон дизајнираше разградливо шише за вода. Доколку визинерскиот дел од дизајнот влезе во употреба,  нашето шише за вода може еден ден да почне да се разградува во моментот кога ќе завршиме со пиење на водата.

Шишето е направено од прашкаста форма на агар - супстанција добиена од алги. Кога овој прав се меша со вода станува материјал сличен на желе, кој може да се обликува во облик на сопствен избор.

Како што објасни Јонсон за CoExist мешавината на алги и вода создава совршен животен век за шишето. Потребна е течност за да ја одржи својата форма, но кога е празна почнува да се распаѓа.

This water bottle starts to decompose as soon as you finish dr...

Biodegradable breakthrough. Read more: http://wef.ch/2xcyk4m

Gepostet von World Economic Forum am Dienstag, 3. Oktober 2017

Тој тврди дека водата е сосема безбедна за пиење, иако по некое време може да добие малку солен вкус. Шишето дури може и да се јаде и има вкус на морска трева.

Во моментот дизајнот е малку повеќе од концепт, но Јонсон се надева дека ќе ги натера луѓето да размислат за проблемот и да размислат да развијат сопствени решенија.

Овој иновативен начин на складирање на водата за пиење може да придонесе за намалување на користењето и производството на пластика.  Според некои статистики во 2014 година во светот се произведени 311 милиони тони пластика од кои повеќето завршиле со депонија или во океаните.

Како што известува Светскиот економски форум, до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.

Ова е само еден од начините за пронаоѓање на еколошки одржливи решенија за заштита на животната средина.

Б. Ј.

Please follow and like us: