Инвеститорот ќе гради енергетски ефикасна зграда кај Мајчин дом

Фатмир Едеми, сопственикот на Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги ЗСФ – КОМ, Скопје и инвеститорот за изградба кај Мајчин дом, најави инвестиција во нов парк во Аеродром.

Како што вели Едеми, површините што не се пошумени целосно ќе се обноват и збогати со нови високоизраснати дрвја, нова урбана опрема и детско игралиште.

Едеми најави продолжување на градежните активности кај Мајчин дом, откако Уставниот суд одлучи дека спорниот ДУП И10, не е спорен.

„Зградата кај Мајчин дом ќе биде целосно енергетски ефикасна, проектот е изработен со особена грижа за околината и животната средина. Самиот објект ќе има вертикално и хоризонтално зеленило, со посебен систем за одржување. Дополнително, инвеститорот ќе обезбеди 100 високоизраснати дрва и целосно партерно уредување на плацот околу Мајчин Дом“, се вели во соопштението.

С. Т.

Please follow and like us: