Како цената за филтрите за Југохром падна од 12 на 1,5 милиони евра?

„Југохром“  ќе дoбие кредит од 1,5 милиони евра за поставување на филтри за да може да се здобие со А интегрирана еколошка дозвола за работа беше одлуката на ВЛадата на вчерашната седница.

Компанијата е затворена од ноември 2017 година бидејќи не го испочитува дадениот рок за поставување филтри. Ваквата одлука на Државниот инспекторат за животна средина се должеше и на притисокот од еколошките здруженија.

Сепак, Владата одлуката ја донесе со цел да се вратат работниците на работа. За таа намена одлучи да ѝ помогне на компанијата задолжувајќи ја Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со „Југохром“.

„... Македонската банка за поддршка на развојот да склучи договор за кредит со Друштвото за производство, трговија и услуги ЈУГОХРОМ АЛЗАР ДООЕЛ увоз-извоз Јегуновце од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) на износ од 92.242.500 денари за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување, со што ќе се овозможи фабриката да продолжи да работи и да се ангажираат вработените“, соопштија од Владата.

Движењето Еко – Герила оваа одлука на Владата ја смета за следна манипулација со јавноста, со оглед дека инсталацијата на системот за филтрирање порано чинеше 12 милиони евра, а беа потребни 2 години за нивна инсталација.

„Југохром е затворен и нетранспарентен за медиумите да покаже што е направено досега. Не е јасно како цената на филтерите се намали од 12 милиони евра на 1,5 -2 милиони евра и поставување на истите ќе се изврши во рок од 4-5 месеци за производство со капацитет од 55%. Македонија потпиша и се обврза да ја почитува Архуската конвенција за пристап до информации, учество на граѓаните во одлучувањето и пристап до правда за прашањата поврзани со животната средина“, велат од Еко –Герила.

Тие не веруваат во ветувањата на Владата и на „Југохром“ поради нивните долгогодишни манипулации. Еко – герила бара целиот процес да биде надгледува од неизвесни експерти.

„Како што е познато, во Македонија институциите често се ставаат на законот. Владата не треба да биде вознемирена од надзорот на независните експерти доколку системот за филтрирање, за кој тие тврдат дека ќе го инсталираа, ќе ги задоволи бараните стандарди“, изјави Еко –Герила.

„Југохром“, како и други индустриски капацитети во Македонија требаа да обезбедат А интегрирана еколошка дозвола за работа до април 2014 година.

Б. Ј.

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian