Соочување со идентитетските прашања

Долгиот процес на решавање на спорот со Грција, потпишувањето на Преспанскиот договор, соочувањето со колективното минато, соочувањето со туѓата слика за нас самите, но и сопствените предрасуди и историски стереотипи за соседите, беа повод за проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Десетина експерти и креатор(к)и на јавното мислење на панелот „Губење на идентитетот или…?“ кој го организираше ЦИВИЛ – Центар зборуваа за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор со името.

Во наредниот период, почнувајќи од денеска ЦИВИЛ Медиа, ќе ги објави поединечните излагања на Ѕвездан Георгиевски, Петар Богојевски, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Војо Маневски, Сашо Орданоски, Катерина Колозова, Љубчо Георгиевски, Мирјана Најчевска, Синиша Станковиќ и Дијана Тахири.

Нивните ставови и анализи за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор, во наредните денови ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, но и во печатената публикација која ќе се објави во декември.

Please follow and like us:

This post is also available in: English