Владата обезбеди 98 милиони денари за намалување на аерозагадувањето

На вчерашната седница, Владата ја прифати Предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019-та година.

Покрај програмата за инвестиции од 130,8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари.

Како што соопштува владината прес служба, дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување на постапка за јавна набавка. Останатиот дел од средствата ќе се доделуваат врз основа на Јавен конкурс којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за животната средина, со склучување на договори за доделување на средства.

А. П.

 

Please follow and like us: