ГТЦ ќе добие зелен покрив

Терасата на Градскиот трговски центар во Скопје, што гледа кон плоштадот,  на површина од околу 1.800 метри квадратни ќе се претвори во зелен парк, финансиран од Град Скопје, а со поддршка на УНДП.

Според планот, се предвидуваат неколку водени површини, патеки, зелен простор , клупи за седење, кафуле и други содржини во корист на граѓаните, а просторот ќе биде и ограден заради безбедност.
„Ова е прв ваков проект каде се прави зелен покрив по примерот на другите европски градови, а треба да придонесе за намалување на температурата во центарот на градот за време на летните горештини“, вели Шилегов.
За изградба на проектот ќе биде користена најнова технологија, а изведувачот ќе го бира УНДП, додека Градот го финансира проектот кој чини околу 33 милиони денари. За одржување на паркот ќе се грижи службата на ГТЦ, како и оној кој ќе ги закупи кафулето.
Please follow and like us: