Индустријата најголем загадувач во Македонија

Заедничкиот ревизорски извештај за квалитет на воздухот на EUROSAI – Европската организација на врховни ревизорски институции, укажува дека индустријата е најголемиот загадувач во Македонија, а потоа следува загадувањето предизвикано од домаќинствата и помали фирми, додека автомобилите се оценети како средни загадувачи, а отпадот, земјоделието и останатите фактори се оценети како помали загадувачи. 

Извештајот што го објави Државниот завод за ревизија се однесува на квалитетот на воздухот на Албанија, Бугарија, Естонија, Грузија, Унгарија, Израел, Косово, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Шпанија, Швајцарија, Македонија и Холандија.

Во Извештајот се посочува дека Македонија треба да се наметнат санкции за централно и локално ниво за непочитување на целите на квалитетот на воздухот, како и дека самиот систем за управување со квалитетот на воздухот во Македонија не е правилно организиран и координиран, односно дека и инспекциите за животна средина се спроведуваат без никаква координација на централно и локално ниво.

Наодите од националните ревизии покажуваат дека владите на Албанија, Косово, Македонија, Романија и Шпанија целосно не имплементирале ниту национална стратегија, ниту национален план. Во случајот со Македонија, каде што не е соодветно имплементирана владината политика за квалитет на воздухот на национално или локално ниво, Извештајот на меѓународната ревизија заклучува дека Националниот план за заштита на амбиентниот воздух е комплексен и покрива различни области, но не постои систем за следење на спроведувањето насекоја мерка. Планот не содржи показатели за мерење на ефективноста на спроведување на политиката што го отежнува следењето на мерките за постигнување на целите на владата и политиките за борба против загадувањето на воздухот.

Со цел да се подобри проценката на трошоците и придобивките од преземените мерки, препорака е владата да обезбеди буџет за работа и одржување на сите мониторинг станици. Наодите покажуваат дека системите за мониторинг во најмалку девет земји, односно Албанија, Бугарија Грузија, Израел, Косово, Македонија, Молдавија, Романија и Словачка, не генерираат целосни и/или веродостојни податоци.

Препорака до Владата на Македонија е и подобрување на мрежата за следење на квлаитето на воздухот, континуирано одржување на мерните станици и целтрален систем за автоматизирано собирање и обработка на податоци, како и мерење во реално време и известување за квалитетот на воздухот.

Б. Ј.

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian