Светски ден на рециклирање

По повод Светскиот ден на рециклирање денеска во Скопје ќе се собира и селектира отпад  на брегот на реката Треска, во близина на ресторанот „Манастирска пештера“, во кањонот Матка и музички перформанс во изведба на дечиња од приватна градинка „Пиколини“ и од музичкото училиште „Пиано арт“ денеска официјално ќе се промовира проектот „Матка-лулка на чистотата“ што го спроведува невладината организација за екологија 4SELECT.

Преку овие активности и официјално  ќе се промовира  и покренување на TrashTag, а децата ќе испратат порака за спас на планетата Земја и за тоа дека идните генерации сакаат да наследат чиста планета.

Проектот ќе се реализира со поддршка на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, а на неговата промоција ќе присуствува и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Please follow and like us: