Научно советодавно тело за справување со аерозагадување, вети Макрадули

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, учестувавше на работилницата „Како до повеќе податоци за подобар воздух”, во организација на Универзитетот “Гоце Делчев”, Штип, во соработка со ФИНКИ, ФЕИТ и МЖСПП. Макрадули одржа презентација на која зборуваше за предизвиците на новите технологии на мониторинг на квалитет на воздух, законската усогласеност и подобрувањето на квалитетот на податоците, како и за зголемувањето на покриеноста и развојот на идните мрежи за мониторинг.

Макрадули, исто така,  истакна дека се залага за институцијализирање на едно советодавно тело кое Министерството за животна средина и просторно планирање планира да го формира со експерти од универзитетите во нашата држава, МАНУ и Фондот за иновации.

Please follow and like us: