Сепак се чисти

По објавената фотографија на граѓански новинар од преполните контејнери на улицата Борка Талески, до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, стигна демант од друг граѓански новинар дека отпадот е исчистен во раните утрински часови.

„Се случува во текот на ноќта да се преполнат контејнерите, но се празнат секое утро“, напиша граѓанскиот новинар кој во прилог испрати фотографија и видео од испразнетите контејнери.

ЦИВИЛ Медиа и Граѓански објектив се место за граѓанските новинарки и новинари, каде што тие можат да споделат информации, вести и коментари за настаните во нивното опкружување, без цензура.

Please follow and like us: