Црвен тепих за велосипедистите

„Веројатно првата асоцијација за велосипедската патека долж кејот на Вардар е дека таа е за спорт. Но ние мислиме дека може да биде и транспорт! Зелен транспорт! Вело транспорт!“, велат од граѓанската иницијатива НаТочак.

Преку перфомансот со поставување на црвен тепих за велосипедистите, долж велосипедската патека на тие ги упатија свите барања за можност на поврзување на таа патека преку рампи, односно приклучоци со останата велосипедска инфраструктура.

„Бараме: патеката по текот на Вардар да се интегрира со останатите велосипедски рути од проектот Скопје Велоград преку краци за спојување во мрежа, преку возливи рампи со благ наклон, велосипедски патеки на новопланираните мостови, преку нови пешачко-велосипедски мостови, да се доуредат и ослободат деловите каде патеката има прекин (деценискиот прекин во Центар поради градежните работи и неуредениот дел на Вардар меѓу Карпош и Ѓорче, со што Скопје ќе се поврзе за пешачење, трчање и точак по цела своја должина од Сарај до Лисиче... Во град кој претендира да биде Велоград не смее да има нов мост без велосипедски патеки и возливи велосипедски рампи кон кејот“, велат НаТочак.


Фотографија: Васко Аманито Петровски

Please follow and like us: