Владата ќе инвестира 1,3 милиони евра за заштита на шумите

Од идната година во програмата за рурален развој се внесува сосема нов фонд од половина милион евра за заштита на шумите, најави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како дел од мерките во борба против пожарите, пренесува МЕТА.

„Креиравме посебна мерка, која се однесува на заштита на шумскиот фонд, таа мерка до сега не постоеше. Сега ќе бидат дефинирани корисниците, ќе биде распишан јавен повик“, изјави рече Николовски.

Министерот не дефинираше какви мерки ќе поддржи овој фонд, со објаснување дека ќе бидат дефинирани со објавување на јавниот повик. Исто така, тој немаше одговор за големината на штетите што пожарите оваа пролет ја предизвикаа врз шумите насекаде во државата затоа што тие информации ги имаат надлежните Центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

На прашањето дали планираат законски измени со поостри санкции за потпалувачите на стрништата, кои предизвикаа неколку поголеми пожари, министерот за земјоделство кажа дека е тоа работа на други институции, но од неговото министерство работат на закон за шуми.

„Се работи на една системска реформа на целокупниот систем во делот на шумарството. Она што е значајно, за оваа работа добивме средства од ИПА програмата за 2019 година во висина од 1,3 милиони евра, што токму ги тангираат овие прашања, во делот на пожарите, во делот на реформите што треба да ги спроведеме, во што е потребен синхронизиран одговор на повеќе институции“, најави Николовски.

 

Please follow and like us: