Политичарите се виновни за национализмот

Кумановки и кумановци поделени околу ставот дали има национализам во Куманово.

„Нема. Не би требало, нема и нема да има никогаш! Мораме тука да живееме, друга земја ние немаме!“, вели еден кумановец, додавајќи дека соживотот во Куманово е на ниво.

„Се живее некако, тие не почитуваат нас, ние нив, не се мешаме во нивниот живот и тоа е тоа…“, вели една кумановка.

„Едни се сметаат за наши, други се сметаат за нивни. Па зборуваат за наши и ваши. За мене нема наши и ваши, за мене сите се исти. Јас имам пријатели од различни националности, со кои понекогаш правиме муабет за ова и сите сме со исто мислење, дека тоа го направија политичарите, а не граѓаните“ вели друг кумановец. Тој вели дека политичарите треба да направат промени, да зборуваат за заедништво и заеднички живот, но наместо тоа тие само во јавноста така зборуваат, а во позадина тоа не е воопшто така.

„Нема национализам“, „Има, како нема? Има, не само во Куманово туку насекаде! Соживот има, само кога се сака“, „Уште прашуваш…“, се дел од одговорите на кумановци.

Оваа анкета е дел од серијата анкети што во наредниот период ЦИВИЛ Медиа ќе ги направи во рамки на проектот „Зелена иднина“, кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево. Целта на овој проект е да ја подобри јавната перцепција и знаењето за концептот на општество кое ги негува зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Please follow and like us:

This post is also available in: Albanian English