Скулптура на гигантски велосипед против крадењето на велосипеди

Проблемот  тангира преку 150 000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но за жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои  организираните крадци на велосипеди ги  крадат секаде и во секоја прилика.Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000ти велосипед.

Урбаната акција „Гигантски велосипед“  ја спорведе ЦСУ - Скопје, со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество, со
поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Please follow and like us: