Охрид има рок до 1 февруари 2020 да се справи со дивоградбите

„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината унверзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност“, одлучи УНЕСКО на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан.

Главното барање на УНЕСКО е прогласување на мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација. Комитетот на УНЕСКО и наМеѓународната Унија за конзервација на пририродата потсетија на нивните препораки уште од 2013 година.

Во Охрид се стопирани две дивоградиби, покрај езерото и во центарот на градот, а вчера премиерот ЗОран Заев изјави дека законот мора да важи еднакво за сите и ако не постапува самата  Општината, ќе постапи државата. Како објасни Заев, тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава што треба да се почитуваат.

Од инспекторатот во охрид велат дека се регистирани над 1.000 диви градиби од кои над 400 во заштитениот појас во Охридскиот регион.

Please follow and like us: