Светски фонд за природа (WWF): На Европа и се закануваат суперпожари

Во најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), се наведува дека  на На Европа ѝ се закануваат суперпожари, како директна последица од големите топлотни бранови и суши, а за кои се заслужни сите поизразени климатски промени.

Иако традиционално Медитеранот е регија во која во Европа на лето се пријавуваат најмногу пожари, огнените стихии кои брзо се шират ќе бидат сè почести и на северот од Европа.

Во овој регион, кој генерално важи за постуден, во последните години има сè повеќе шумски пожари. Според официјалните податоци, годишно во пожари ширум Европа се уништуваат 300 илјади хектари шума. Во извештајот кој го објавила шпанската подружница на Светскиот фонд за природа се наведува дека пожарите на Стариот континент чинат три милијарди евра на годишно ниво.

Во текот на 2017 и 2018 година се забележани суперпожари кои брзо се шират, благодарение на силните ветрови. Овој феномен во Португалија, Шпанија и Грција усмртил дури 225 лица. Порастот на температурите на глобално ниво и несоодветната локација на средства ќе доведе до влошување на ситуацијата во наредниот период. Моменталната политика кон пожарите во дивина која се базира на систем на гасење е застарена и неефикасна во борбата против нив.

Светскиот фонд за природа во својот извештај советува дека  е неопходно да се воведат превентивни мерки, вклучувајќи и подобро управување со шумите, се наведува во извештајот.

Освен порастот на температурите, во извештајот се наведува дека дополнителна опасност од ширење на суперпожари претставува и депопулацијата, хаотичната и неуредна урбанизација. Според информациите, најновиот топлотен бран однел 13 животи, од кои најмногу во Франција. Од почетокот на 2019 година, ширум Европа се регистрирани над 1400 пожари.

Please follow and like us: