Глобалната Граѓанска повелба (#CivicCharter) се промовира во овој момент, на меѓународната конференција „Глобални перспективи“ која започна пред три часа во Берлин.
„Ние, луѓето имаме право и должност да учествуваме во обликувањето на нашите општества“ – се вели на почетокот на овој важен меѓународен документ кој денеска се претставува пред светската јавност. До овој момент, 222 индивидуи и организации од целиот свет ја поддржаа оваа повелба.
ЦИВИЛ се наоѓа меѓу првите 50 организации-потписнички во светот.
Човековите права и основните слободи во светот се кршат сѐ повеќе. Во голем број земји, луѓето и нивните организации се соочуваат со сериозни ограничувања и се лишени од правото да учествува во обликувањето на нивните општества. Активистите се загрозени, прогонувани, затворани, мачени и убиени. Легитимни организации на граѓанското општество се попречени во нивната работа, лишени од финансирање, забрането им е да работат и се растураат. Можностите за учество на граѓаните во јавниот живот се ограничени или затворени“ – стои во Граѓанската повелба која денеска ја доживува својата светска инаугурација пред околу 100 лидери и директори на светски организации и фондации.
„Дали ќе одбереме да молчиме или да бидеме на вистинската страна на историјата“ – заклучи Артур Ларок, директор на ActionAid од Уганда, кој ја има честа да ја промовира глобалната Граѓанска повелба.