Документи за јавни политики за родова еднаквост

Дискриминацијата и нерамноправноста меѓу жените и мажите, непостоење на идентификација на предрасудите и родовите стереотипи, незаинтересираноста и непрофесионалниот пристап на службениците во институциите, во однос на жените-жртви на семејно насилство, недостаток од водење разговор со жртвите на семејно насилство..., се некои од причините кои го следат проблемот со дискриминацијата и насилството врз жените од институциите на системот.Ова е само дел од наодите во документите за политики на три различни теми: Самохраните мајки – жртви на мултиплицирано насилство,Граѓанско образование” за родова рамноправност – промена на наставната програма за осмо одделение и Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените.

14886228_10154463770796014_1715991655_n

На денешната презентација на истражувачка работа на трите групи, во рамки на Првиот форум за родова еднаквост, во организација на Фондацијата "Фридрих Еберт“ и „Прогрес“ - Институт за социјална демократија, презентирани беа трите документи за политики кои беа подготвени изминатата година.

14522881_10155366844736978_5357927164702323810_n

Како што беше презентирано денеска, со експертска поддршка, со споделување на практични искуства и континуиран дијалог со сите релевантни чинители од академската и професионалната заедница, проектот овозможи подлабоко проникнување во родовите аспекти и креирање на предлози и документи за политики на теми, кои тие ги издвоија како приоритет во сферата на родовите проблематики во Република Македонија.

Во наредниот период се очекува, авторите и авторките на презентираните документи, да лобираат, да ги застапуваат и да се залагаат да се преточат во пракса.

M. T.

Green CIVIL

FREE
VIEW