„На глас“ утре во Тетово: Менување на стереотипот

Настанот „На глас“, којшто е дел од младинската кампања „Избери што сакаш“, ќе се одржи на 2-ри ноември (среда) со почеток од 19 часот во младинскиот центар „Лоја“ во Тетово.

На настанот своите приказни за значајните избори кои ги имаат направено за подобрување на сопствените и животите на другите околу нив, ќе ги раскажат Мерсиха Смаиловиќ, генерален секретар во „Легис“, Елида Зулбеари,  уредничка на ПортАлб и Јасмина Голубовска, активист и борец за човекови права.

 

13350325_1188350254531355_1775252144632005515_o

„Ова, пред сé, е младинска кампања, која има за цел да го урне стереотипот што младите сé почесто го посочуваат - дека еден глас не е значен. Низ низа на настани, перформанси, информативни и едукативни видеа, како и дебати кои ќе ги организираме во повеќе градови низ Македонија, ќе се потрудиме ова да го смениме. Целта на кампањата е да ги промовира гласачките права на луѓето и да ја потенцира важноста на гласањето и искористување на гласачкото право. Сакаме да го доближиме значењето на изборот до младите. Секојдневно правиме разни избори кои, помалку или повеќе, влијаат на нашиот живот. Носењето одлуки е секојдневие и 11-ти декември е ден кога нашиот избор ќе биде особено важен за нашата иднина“, вели Александра Филипова од „Младински образовен форум“, кои се организатори на овој настан, заедно со „Млади европски федералисти“ и „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Како дел од кампањата ќе се организираат и низа вечерни дискусии во Велес, Штип и во Куманово, на кои ќе учествуваат истакнати личности – активисти, правници, политиколози, уметници и новинари.

Оваа кампања, осмислена и водена од млади луѓе, е спој на креатива, музика, филм, офлајн и онлајн дискусии, перформанси посветени на важноста на гласачкото право.

Green CIVIL

FREE
VIEW