Education Blog
  • Aktuale
  • POLITIKA TË GJELBRA
  • EDUKIM
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • Aktuale
  • POLITIKA TË GJELBRA
  • EDUKIM
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home citizen journalists

Регионален семинар за граѓанско новинарство во Битола

07/11/2016
in citizen journalists, Aktuale
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира регионален семинар за обука на граѓански новинар(к)и во Битола, на 12 и 13 ноември 2016 (сабота и недела) во хотел Театар. Семинарот ќе започне в сабота, во 11 часот, а ќе заврши в недела, во 18 часот.

Право на учество на овој регионален семинар имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Битола, Крушево, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Кривогаштани, Долнени, Могила и Новаци. Овој повик е дел од проектот #ГраѓанскиНовинар и е прв во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.

Пријавувањето е до 10-ти ноември (четврток) онлајн или на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по една страница) во кои заинтересираните накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.

Трошоците за сместување и транспорт (за учесниците/учесничките од подалечните општини) ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. За повеќе информации, јавете се на 02 / 520 91 76 или напишете порака на [email protected] За да останете во допир со содржините поврзани со проектот #ГраѓанскиОбјектив, лајкнете ја Фејсбук страницата Граѓански новинари на Македонија.

clp-seminar-bitola-banner-01-c#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе втора година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. ЦИВИЛ ја објави и публикацијата „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.

Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси. Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Tags: #CivicLenses#ГраѓанскиОбјективNational Endowment for DemocracyзлоупотребиизбориМакедонијанабљудувањеЦивилчовекови права
CIVICA
govor
govor
CIVIL
CIVIL
  • CIVILI i Gjelbër
  • PËR Civilin
  • Resurse
  • IMPRESUM
  • KONTAKTI

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • Aktuale
  • POLITIKA TË GJELBRA
  • EDUKIM
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW