Еуромакс Ресоурсис: „Иловица-Штука“ е целосно безбеден и работиме согласно домашната регулатива

„Сите обвинувања изнесени кон проектот се паушални и не се поткрепени со факти бидејќи проектот за бакар „Иловица-Штука“ е целосно безбеден и се развива според највисоките стандарди за животна средина и во согласност со домашната регулатива. Ги применуваме најдобрите практики од светот, како и светските и ЕУ стандарди“, стои во реакцијата на Еуромакс Ресорсис по објавеното обраќање на граѓанските здруженија „Здрава Котлина“ и „Еко долина“ до Владата и Собранието, а во врска со рудникот Иловица-Штука. „Севкупното наше работење е усогласено со постојната домашна регулатива и сме во комуникација со надлежните институции во насока на следни чекори во процесот за добивање дозволи.

Еуромакс е посветена на одговорно работење со целосна транспарентност и сите заинтересирани страни можат да извршат увид во целокупната документација на проектот, која е јавно достапна. И тоа во нашите канцеларии во Скопје, Струмица и во Иловица, како и на Интернет страницата https://www.euromaxresources.mk/.

Проектот Иловица-Штука ќе биде модерен рудник кој ќе отвори многу можности за вработување, поддршка на земјоделството и развој на локалната и националната економија“, се вели во нивната реакција.

Please follow and like us: