ЗЕЛЕН ЦИВИЛ e организациска единица на ЦИВИЛ – Центар за Слобода, организација за човекови права со седиште во Скопје, Република Северна Македонија. ЗЕЛЕН ЦИВИЛ работи на јакнење на јавната свест, едукација, учество во креирањето на политиките и практиките и застапување на зелените вредности, социјална правда и антинационализмот.

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ е продолжение на програмските и организациските заложби, визија и мисија, на организациската единица ЕКО ЦИВИЛ основана во 2009 година со одлука на Собранието на ЦИВИЛ. Како неформална организациска единица под името ЗЕЛЕН ЦИВИЛ се обновува во 2014 година.

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ го основа www.greencivil.mk на три јазика (македонски, албански и англиски) во 2016 година, како дел од медиумската платформа на ЦИВИЛ. За комуникација и промоција се користат Фејсбук страниците:

ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

ЦИВИЛ/ЦИВИЛ МЕДИА