Македонија со најзагаден воздух во Европа

Во извештајот на Европската агенција за животна средина загадувањето на воздухот е наречено тивок убиец и се порачува дека е време за црвена тревога. Според извештајот Македонија е најзагадена од сите земји од Источна Европа.

Со сличен извештај излезе и студијата на Светската здравствена организација каде Тетово и Тузла, индустриски град во Босна и Херцеговина се најдоа меѓу 10-тте најзагадени градови во Европа.

Рангирањето е направено врз основа на концентрацијата на отровни честички во воздухот.

Во извештајот се наведува дека загадувањето, меѓу другото, е резултат и на употребата на јаглен за потребите на индустријата, но и на домаќинствата.

Светската банка пак, во својот извештај изнесува на виделина дека годишно во Македонија, како резултат на загадувањето, умираат околу 1.350 лица. Најголемиот број од нив се пациенти со срцеви и белодробни проблеми.

К. С.

 

Please follow and like us: