Кумановчани во сабота ќе протестираат за чист воздух

По најавениот протест во Скопје и кумановчани во сабота ќе протестираат за чист воздух. Како што велат организаторите на протестот, подобро да се спречи, отколку да се лечи, но во овој пат се работи за тоа кој колку може да издржи.

Во сабота, со почеток во  12 часот кумановчани ќе го изразат својот револт кон не презимање мерки против загадувањето на градот.

„Кумановци, Куманово 13 ден по ред е најзагаден град во државата! Додека не сме почнале да купуваме боци со кислород, како што купуваме флаширана вода, а да не плаќаме данок со нашите животи да илеземе на плоштадот кај споменикот Батко Ѓорѓија за чист воздух“, велат на нивниот Фејсбук ивент под мотот „Искочи за чист воздух“.

Според индексот за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање,изутринава висината на ПМ10 честичките во Куманово изнаесуваше 135.36.

Б. Ј.

Please follow and like us: